Search

(Видео) Стотици луѓе бдееја пред катедралата Нотр Дам

Стотици луѓе се собраа на уште едно молитвено бдеење недалеку од катедралата Нотр Дам, која беше оштетена во пожар.

Граѓаните носеа свеќи и пееја црквени песни минатата ноќ додека одеа од црквата Св. Сулплис, а бројот на луѓето се зголеми на патот кон плоштадот од левиот брег на Сена, во близина на Нотр Дам, објави АП.

https://youtu.be/xBVIQQiARtw

Учесниците седнаа околу статуата на Дева Марија, слушајќи го малиот оркестар што свиреше.

Организаторите велат дека сакаат да покажат колку им значи катедралата Нотр Дам.

Пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз избувна во 18,50 во понеделникот, а во пожарот учествуваа 400 пожарникари.

По деветчасовна борба, француските пожарникари успеаја да го стават под контрола огнот, кој беше целосно изгасен неколку часа подоцна.

Треба да знаете
Последни објави