Search

(Видео) Стоилковски: Aдминистрацијата која ја нарекуваа партизирана, СДСМ сега ја полни со свои деца и блиски

Зоран Заев без трошка срам по две години, по половина мандат владеење, признава дека има партизација и дека нема никаков план за младите. Тој ниту знае, ниту може да го спречи иселувањето, а не пак како што велеше да ги врати според него 600.000 иселени граѓани, рече денска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој ја обвини власта, за како што кажа, црн непотизам без срам, бидејќи не поминува конкурс во којшто не се вработува ќерка, син, мајка, брачен партнер, па дури и фризер на некој од актуелните функционери на СДСМ или Коалицијата.

Заев сега нема проблем со партизацијата и распишаните 15.000 огласи за вработување во администрацијата. Па и се фали со тоа. Онаа иста администрација која ја нарекуваа партизирана сега ја партизираат со деца и блиски на активисти на СДСМ и коалициските партнери. Наместо врвно квалификувани образувани професионални млади со европски идеи, во Република Македонија најдобри кандидати за работа во државната администрација се децата на Талат Џафери, на Љубомир Данаилов Фрчкоски, на Мирослав Грчев, двете ќерки на Невзат Бејта, децата на пратеници, на општински партиски моќници кои се вдомуваат во МЕПСО, ТЕЛЕКОМ, М-НАВ“, кажа Стоилковски.

Портпаролот на опозициската партија наведе дека партизацијата и непотизмот се наведени и во дел од Извештајот на Европската Комисија каде, како што рече, пишува дека владејачката СДСМ прави партизација на институциите во Република Македонија.

„Партизацијата на администрацијата е најлошата антиреформа. Тука во овој мрачен систем нема место за професионалци. Одговорност за овој мрачен период на Република Македонија мора да има“, истакна Стоилковски и додаде дека тоа ќе се случи многу брзо.

Треба да знаете
Последни објави