Search

(Видео) Стоилковски: Четири месеци нема ништо од наводната истрага за што се прислушувани 70 јавни обвинители

Четири месеци минаа, а нема одговорност ниту одговор, кој и за што две години прислушкувал во Јавното обвинителство! Четири месеци нема ништо од наводната истрага за што се прислушувани 70 јавни обвинители, ниту каде завршиле нивните разговори, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Пазете, прислушувана е комуникација преку која биле повикувани сведоци, се разменувале податоци за предистраги, истраги и за конкретни судски предмети! За потсетување, Обвинителството, самиот Љубомир Јовески некаде околу 30 ноември објави дека биле прислушувани, дека биле снимани сите влезни и излезни разговори во Јавното обвинителство од 30 септември 2016 година, и како ништо да не било, се уште нема никаква информација за истрага која што беше најавена и која според молкот до сега, може да се нарече наводна! Нема никаква информации дали некој и кој имал пристап до податоците, дали ги изнесувал податоците, дали бришел, за што служеле податоците или пак биле користени тие податоци, дали тоа го правел некој или некои лица од внатре или пак некои од надвор. За сето ова молк, и од Обвинителството но и од МВР, кое како што беше најавено било вклучено во истрагата. Уште повеќе, што има на тие снимки од разговорите, што е договарано, што е тоа што го интересирало тој што ги прислушувал? Нема одговор. Дали има разговори за договорени сведочења, за договорени обвиненија, за договорени пресуди? Нема одговор.

Четири месеци минаа откако владата декларативно повика за брзо решавање на случајот, ама нема ништо од тоа. Уште едно оградување, уште едно фрлање прав во очите на јавноста.

Деновиве кога законското решение за јавнообвинителскиот систем е во фокусот на јавноста, Зоран Заев и СДСМ јавно посочија дека немаат намера да се откажат од Љубомир Јовески. Немаат намера да го испочитуваат договореното, Републички Јавен Обвинител да се избира по предлог на опозицијата. А, молкот од Обвинителството, од Јовески, за прислушувањето на обвинителите го дава одговорот и зошто Заев и СДСМ бегаат од договореното.

Почитувани, со вакво страшливо Јавно обвинителство, со ваков Републички јавен обвинител како Јовески, во Македонија се невозможни ниту право ниту правда. Ако постои и најмал сомнеж, а за жал тој е се поголем, дека обвинителите на чело со Јовески се ставени „во џеб“ заради нивните разговори, а Зоран Заев е главниот реформатор, тогаш на секоја пресуда може и се гледа како на политички мотивирана!

Почитувани, ова е срам за Македонија, ова е срам за јавнообвинителскиот систем, ова е срам за држава на територија на Европа, срам за држава која што го вее знамето на НАТО пред неименувана зграда!

Правото и правдата мора да се вратат во Македонија, граѓаните мора да веруваат во јавнообвинителскиот систем и во судскиот систем, а со Зоран Заев, Љубомир Јовески, Вилма Русковска, тоа е невозможно. Правото и правдата ќе се вратат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, и со победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори. Пoбедува правдата, победува Македонија!“ порача Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави