Search

(Видео) Стоилковски: Власта тоне во својата бесрамна однароденост

Власта тоне во својата бесрамна однароденост. Сè уште нема никаква реакција од власта, нема одговори по тешките навреди, нема одговорност по сè оно што го кажа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за македонскиот народ. За Димитров македонскиот народ е искомплексиран. Па ако во македонското Собрание тој тоа го вели, како ли и дали воопшто ги брани македонските национални интереси надвор од земјава?, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема реакција од власта ниту за Спасовски, министерот за прогон и терор, и по сите црнила на улиците и цветањето на криминалот низ државата. Нема одговорност, нема одговор ниту за  кое било од барањата коишто ги упати ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт. Мора итно да се стави крај на црнилото во коешто СДСМ на чело со аболираниот Зоран Заев ја зави Република Македонија. Ќе повторам, оваа наметната власт не води битка за благосостојбата на народот, оваа власт води битка со народот, со опозицијата, води битка за што поголемо омаловажување на народот, за економско пропаѓање на државата и граѓаните преку повисоки даноци коишто го осиромашуваат и бизнисот и работниците, оваа власт води битка со јасно изразената волја на граѓаните злоупотребувајќи ја најмоќната алатка на демократијата – референдумот“, рече Стоилковски.

Тој ги повтори барањата на коалицијата „За Подобра Македонија“, итна и неотповиклива оставка на  министрите Никола Димитров и Оливер Спасовски, запирање на иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија, продолжување на проектот за гасификација на Република Македонија и формирање независно тело кое ќе се занимава со прислушувањето на обвинители и сите судии.

Треба да знаете
Последни објави