Search

(Видео) Стаменковска: Одвојување на партијата од државата веднаш или датум нема да ни дадат ни во Унијата на Западен Балкан

Власта е во очај и безнадежност и ризикуваат да ја прокоцка европската перспектива иако беа предупредени од нашите пријатели од ЕУ дека претстојните избори мора да бидат фер и демократски, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Загрижени за состојбата во која не внесува власта во Македонија, ви укажуваме на следното:

–Владата и министрите не смеат да користат државни ресурси за организирање на партиски трибини.
–Владата и функционерите не смеат да вршат притисок на администрацијата со закани и уцени, со спроведување на дисциплински постапки и распоредувања.
–Владата и функционерите мора да запрат со поткуп на гласачи преку вработувања во администрација.
–Владата и функционерите мора да запрат со злоупотреба на институциите за партиски цели.

Одвојување на партијата од државата мора веднаш да започне во спротивно, контаминиран е целиот процес кој не трпи импровизации. Доколку вака продолжите, нема датум да ни дадат ни во Унијата на Западен Балкан!

Од денес започнуваме со прес конференции од пред зградата на Делегацијата на Европската Унија.Нашата цел е да ги информираме нашите пријатели од Европската Унија, за поткупот кој се спроведува од страна на власта со вработувањата во државната и јавната администрација, како и уцените и заканите кои се спроведуваат врз административните службеници.

Имено, секој ден ќе ги информираме амбасадите за злоупотребите и поткупот од страна на власта за да се вразумат и запрат со тоа и да не ја загрозуваат европската перспектива на Македонија. Демократска држава, демократски избори и демократски изборен процес не започнува од денот на изгласување на техничка влада или од денот на официјалниот почеток на кампањата. На 20 октомври се договорија предвремени парламентарни избори кои требаше да значат дополнително внимание при практикувањето на власта. Наместо внимание и европски вредности, ние сме сведоци на вандалско и расипничко искористување на буџетските пари за партиски цели, брутално кршење на работничките права и поткуп на гласачи преку вработување во администрацијата.

Во прилог на ова ви укажуваме:
-Од 20.10.2019 година до денес, објавени се над 1.200 јавни огласи за вработување, за над 2.200 извршители во институции, на определено и неопределено работно време.
-Отпочнати се стотици дисциплински постапки и изречени се десетици казни за вработени во државната и јавната администрација. Исто толку вработени во државната и јавната администрација се распоредени на работни места надвор од местото на живеење.
-Секојдневно сме сведоци на злоупотреби на службената должност и овластувања, лаги и нереални ветувања. Се предлагаат закони по итна постапка и се расфрлаат со државните субвенции и државната помош за да регрутираат нови гласачи. Извршната и законодавната власт, целосно е насочена кон испумпување на државните пари за партиски цели“ порача Стаменковска.

Треба да знаете
Последни објави