Search

(Видео) Србија ќе почне со изградба на модерен стадион од 257 милиони евра

Селекторот на фудбалската репрезетнација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси неодамна најави, а денеска стигна и официјална потврда. Србија до 2025 година треба да добие ултра модерен национален стадион. Стадионот ќе се гради во општината Сурчин на 15 километри од центарот на Белград, во близина на аеродромот „Никола Тесла“.

На стадионот ќе играат само националните селекции на Србија, а во склоп на него ќе има и трговски центар, музеј на репрезентација, фудбалска академија…

Изградбата на стадионот ќе чини 257 милионии евра, а капацитетот ќе биде околу 55.000 гледачи. Ќе ги исполнува сите стандарди на УЕФА и на него ќе можат да се одиграат и најголемите мечеви во сезоната како што се финале од Лигата на шампионите или Европски и Светски првенства.

Треба да знаете
Последни објави