Search

(Видео) Со автомобил влетал во продавница за хиџаби во Австралија, 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени откако автомобил влетал во продавница за хиџаби во Гринејкр, Нов Јужен Велс, во Австралија, пренесува „Ченл 9 њуз“.

Возачот претходно удрил во друг автомобил, по што агресивно го рестартирал моторот и влетал во продавницата. Полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот по пријавите дека возачот се однесува агресивно, но не успеала да го спречи инцидентот.

Драматични снимки од очевидци покажуваат дека возачот прво забрзува во место, пред да се забрза од семафорите и да влета во насобраните купувачи.

Несреќата се случила околу 15:15 часот по локално време. Полицијата веднаш поставила безбедносен коридор околу местото на настанот. Сè уште не е познато дали станува збор за несреќа или некаква форма на напад.

„Возачот и 11 пешаци се повредени. Нивните повреди не се опасни по живот“, се вели во соопштението на полицијата.

„Ченл 9 њуз“ објави дека возачот е 51-годишен маж, кој ѝ е познат на полицијата од други сообраќајни престапи. Тој бил однесен во болница со лисици на рацете и ќе биде сослушан од полицијата откако ќе му биде пружена лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави