Search

(Видео) Снимена блиска средба меѓу нуркачка и веројатно најголемата бела ајкула во светот

Во близина на хавајскиот остров Оаху нуркачи кои се бават со проучување на ајкули забележале директна средба со бела ајкула, за која се верува дека е најголемата досега снимена со камера.

Двајца истражувачи ја искористиле оваа ситуација со цел да покренат иницијатива за закон кој би ги заштитил ајкулите во сојузната американска држава Хаваи, објави агенцијата АП.

Конзерваторката и истражувач Оушн Ремзи за АП изјави дека во вторникот имала средба со големата бела ајкула долга шест метри, на место каде што имало труп на мртов кит на мртов кит, во близина на хавајскиот остров Оаху.

Настанот го фотографирал и на социјалните мрежи го објабил нејзиниот свршеник и деловен партнер Хуан Олифант.

Олифант изјавил дека не е сигурен дали станува збор за познатата ајкула наречена „Големото синило“ (Deep Blue), за која се верува дека е најголемата бела ајкула што некогаш била снимена.

Ремзи, која со Олифант води компанија за нуркање и истражување на морските длабочини, вели дека бараат донесување на закон за забрана на убивање на ајкули и раи во Хаваи и се надеваат дека истиот ќе стапи на сила годинава, пренесува американската агенција.

Таа додава дека фотографиите и снимките на кои се гледа како плива со големата бела ајкула докажуваат дека овие предатори треба да бидат заштитени и дека луѓето не треба да се плашат.

Оушн Ремзи, се разбира, не им препорачува на луѓето да пливаат во близина на ајкули и наведува дека за тоа е потребен долг тренинг и проучување на однесувањето на овие животни, што всушност е една од главните дејности на нејзината компанија.

Треба да знаете
Последни објави