Search

(Видео) Славева: Заев лажно ја претстави смртта на новинарот Никола Младенов како убиство

Зоран Заев ја лажеше јавноста и ја злоупотреби трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби новинарот Никола Младенов, односно срамно манипулираше преку таканаречените бомби, квалификувајќи ја трагичната смрт како убиство, изјави денеска Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ обраќајки се пред седиштето на СДСМ.

„Зоран Заев срамно си поигруваше со чувствата на семејството на Никола Младенов, неговите пријатели и познаници и целокупната јавност. Зоран Заев измислуваше различни теории на заговор, само за да се приграби до власт. Сопругата на Младенов, вчера конечно ја потврди вистината и јасно кажа дека причина за несреќата е неприлагодена брзина“, истакна Славева во обраќањето.

Таа додаде дека сопругата на Младенов е децидна оти нема никаков сомнеж дека станува збор за нешто друго.

„Сопругата на Младенов го демантираше и ги разоткри лагите на Заев, кој манипулираше дека во истрагата се криени докази и дека е потребна нова меѓународна истрага. Заев и СДСМ мислат дека граѓаните забораваат, но се лажат. Јавноста се сеќава на сите лаги и на сета деструкција изнесена во врска со смртта на Младенов“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа исто така цитираше изјава на Зоран Заев во врска со смртта на новинарот, дадена за српски медиум: „Јас ветив пред граѓаните меѓународна истрага и за Смилковското езеро и за кумановските настани и за убиството на Никола Младенов, кој тоа стои позади“, рече во таа прилика Заев, посочи Славева.

Според неа, Заев и СДСМ треба да им се извинат за лагите и на блиските на Младенов и на професионалците кои ја воделе истрагата и на целокупната јавност. Исто така додаде дека СДСМ мора да си замине од власт, а за да се случи тоа, како што кажа, потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска – Давкова.

Треба да знаете
Последни објави