Search

(Видео) Скопјани неинформирани па се исплашија од почесната артилериска стрелба за денот на АРМ

Истрел од  десет плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.) во 19 часот ги вознемири скопјани.

Граѓаните на главниот град очигледно недоволно информирани, на социјалните мрежи зачудено се прашуваа што се случува.

Топовските татнежи одекнуваа во Скопје од касарната „Илинден“ каде армијата по повод утрешниот ден 18 Август–Денот на Армијата изведе почесна артилериска стрелба.

Видео: Фактор.мк

Треба да знаете
Последни објави