Search

(Видео) Синот Домантас Сабонис со подобар учинок од таткото Арвидас во НБА-лигата

Домантас Сабонис, синот на легендарниот Арвидас има подобар учинок од својот татко на натпреаврите во кошаркарската НБА-лига. Помладиот Сабонис постигна трипл-дабл во дресот на Индијана во тирумфот над Денвер (115:107), нешто што неуспеа да оставри неговиот татко Арвидас на 470 одиграни мечеви во кариерата во најсилната НБА-лига.

Младиот 23-годишен Сабонис со учинок од 22 поени, 15 скокови и 10 асистенции беше меѓу предводниците на својот тим, а со игрите е и меѓу кандидатите за Ол стар натпреаврот.

Неговиот татко Арвидас одигра седум сезони во тимот на Портланд, но никогаш не постигна трипл-дабл и не настапи на Ол-стар мечот.

Треба да знаете
Последни објави