Search

(Видео) Силно невреме ја зафати Грција, има и жртви

Силно невреме зафати неколку грчки региони, проследено со грмотевици, молњи и обилни врнежи од дожд. Невремето одзеде и најмалку еден живот, пренесуваат грчките медиуми.

Обилни дождови, во главно проследени со град и силен ветар, погодија поголем дел од земјата и според метеоролозите, ваквото време ќе трае до петок.

На островот Скопелос една жена загинала од удар на гром, пренесе „Грик репортер“. Невремето ја погоди и Атина, каде се слушале силни грмотевици.

Драматично е и на Халкидики, каде паѓаше град. На регионалниот пат Полигирос-Солун, патнички возила и камиони веќе неколку часови стојат поради голема количина на мраз на патот, пренесуваат медиумите.

Во одделни предели пејзажот изгледа како да е покриен со снег, бидејќи град ги зафати патиштата и полињата. Екстремни временски услови ги погодија на југ Каламарија и Олимпија.

Треба да знаете
Последни објави