Search

(Видео) Силно невреме во Црна Гора

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ги погоди денеска Котор и Тиват, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

Некои од патиштата и крајбрежните објекти во Тиват се под вода.

Работниците на комуналната служба, „Водовод и канализација“, и припадниците на Службата за заштита и спасување се на терен.

Слично е и во Котор, каде што возилата се движат низ поплавените улици.

Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора предупреди дека од денес до понеделник се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, пишува „Вјести“.

Издадено предупредување за Хрватска

Во Хрватска е издадено предупредување за невреме проследено со обилен дожд и град. Се додава и можност за торнадо и силни налети на ветер.

Најмногу врнежи се очекуваат во вечерните часови.

Severe Weather Europe објави прогноза со која најавува големи врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот.

Треба да знаете
Последни објави