Search

(Видео) Се јави исчезнатиот Давор Драгичевиќ на Фејсбук, не е убиен

По осум дена никој не видел или не слушнал, ни рече Давор Драгичевиќ, татко на Давид, кој беше убиен во Бања Лука по осум дена откако исчезна се јави на Фејсбук. Драгичевиќ исчезна по протестите на 30 декември вечерта по кои беа уапсени неколку членови на групата “Правда за Давид”.

Полицијата во Бања Лука против него распиша потерница откако тој повече од 270 дена секојдневно ги предводеше протестите во градот кои се претворија во бунт против предстедателот на Република Српска, Милорад Додик.

https://www.facebook.com/suzana.dragicevic2/videos/2251483534904588/?t=8

Тој додаде дека не избегал, туку се скрил за да не го убијат како и Давид.

-Се уште сум физички здрав, со здрав разум. Не успеаја да ме ликвидираат. Тие можат физички да ме убијат, но никогаш нема да ми го земат останатото, тоа е вистината и правдата за Давид. Ние ја знаеме вистината и затоа единственото барање е случајот да се префрли на државното обвинителство и се ќе биде брзо готово. Тоа е она од што се плашат. Ние не направивме грешка десет месеци, а вака се однесуваат кон нас оти немаат каде, рече Драгичевиќ.

Треба да знаете
Последни објави