Search

(Видео) Се појави нова снимка од нападот на Арнолд Шварценегер

Јавноста сé уште е шокирана од нападот врз актерот Арнолд Шварценегер (71). Поранешниот гувернер на Калифорнија беше нападнат на патување во Јужна Африка. Тој присуствуваше на спортскиот настан „Арнолд класик Африка”, кога непознат човек во конгресниот центар скокајќи го удри со нозете во задниот дел.

Шварценегер ги снимал и ги фотографирал децата во салата каде што бил судија на натпреварот во скокање на јаже, а човекот „излетал” од толпата, скокнал и го удрил. Арнолд полека се занишал без да трепне, а обезбедувањето брзо го одвелое напаѓачот кој се дерел.

Нападот беше снимен со камери, и сега има ново видео на кое може да се слушне како напаѓачот му вика на обезбедувањето кое го одвлекува: „Помогнете ми, ми треба ламборџини!”

Причината за нападот не е позната, а Шварценегер се оглас за инцидентот на својот профил на Инстаграм.

„Ви благодарам за вашата загриженост, но не е потребно. Драго ми е што овој идиот не го прекина моето снимање на Snapchat“, напиша актерот.

Треба да знаете
Последни објави