Search

(Видео) „Се плашам од игли, но ништо не почувствував“: Јелена Карлеуша утрово се вакцинираше со вакцината на Фајзер

Музичката ѕвезда, Јелена Карлеуша се чувствува одлично откако денеска околу 09 часот се вакцинираше во Трговскиот центар Ушче во Белград. Популарната пејачка се одлучи за вакцината на Фајзер.

Откако на новинарите им се обрати белградскиот заменик градоначалник Горан Весиќ, кој и’ се заблагодари на Јелена за доаѓањето и за апелот за вакцинација, пејачката исто така даде изјава за медиумите.

„Нема потреба кој било да ми се заблагодарува. Ова го сметам за сериозна општествена одговорност на сите нас и мене, како јавна личност која ја следат милиони луѓе. Ова го направив поради почит кон нашите здравствени работници, кон членовите на моето семејство кои меѓу другото се здравствени работници, кои повеќе од една година крваво се борат да ги спасат животите на нашите сограѓани, поради децата кои се разболуваат, поради стагнацијата на целата планета, јас одлучив да ја искористам мојата популарност на, како што сметам, најдобар можен начин“, порача Јелена.

 

 

„Не сакам ова да се политизира, бидејќи сите ние сме една планета, една страна, а тоа е страната која се бори против оваа страшна пандемија која однесе милиони животи. Ништо не ме болеше, не почувствував ништо, немам никако несакани реакции. Инаку, јас сум некој што веќе го има прележано вирусот. Сметам дека треба да ги повикам јавните личности кои се плашат да го искажат својот став во врска со вакцинацијата. Јас секогаш го искажувам својот став јавно. Јас сум некој кој во медиумите важеше како некој кој е против вакцинирање, што е апсолутно погрешно и тоа не е вистина! Со овој пример тоа го покажав и докажав“, додаде пејачката…

Преземено од ММС

 

Треба да знаете
Последни објави