Search

(Видео) Се жени српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ

Се жени српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ

Семејството Караѓорѓевиќ е подготвено за уште една голема свадба.

На радост на целата фамилија, денеска се жени принцот Душан Караѓорѓевиќ и неговата повеќегодишна девојка Валерија Демузио. Свадбата се одржува во црквата Свети Ѓорѓе. Кум на неговата венчавка е неговиот најдобар пријател Александер Сеханаоуи.

На местото на настанот пристигна и невестата, а и гостите.

После црквеното венчавање ќе има и прослава, каде ќе се соберта гости од целиот свет. Душан и Валерија се во врска 4 години, живеат во Њујорк, каде во 2018 година имале граѓанско венчавање.

Душан е најмладиот син на Александар и неговата втора сопруга, Барбара од Лихтејнштајн.

 

Треба да знаете
Последни објави