Search

(Видео) Сенатор од Хаити почна да пука пред парламентот, рани две лица

Сенатор од Хаити отвори оган за време на вчерашниот протест пред зградата на парламентот. Тој повредил две лица, меѓу кои и фотограф на „Асошиејтед Прес“ (АП), пренесе Би-би-си.

Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт о Пренс. Притоа тој го погодил Чери Диеу Нали, фотограф на АП. Во инцидентот е повреден и Леон Лебланк, припадник на обезбедувањето.

Диеу Нали, кој носел значка „прес“, бил погоден в лице. Тој сега е во болница и се опоравува. Не е познато каква е здравствената состојба на чуварот Лебланк.

Сенаторот рече дека користел огнено оружје затоа што се бранел од демонстрантите бидејќи наводно му се заканувале вооружени лица.

„Бев нападнат од насилни милитантни групи, така што јас се бранев. Имам право на самоодбрана“, изјави Жан Мари Ралф Фетиер за локалното радио „Мега“.

Треба да знаете
Последни објави