Search

(Видео) Северина вчера направи вистинско шоу во Охрид

Северина вчера направи вистинско шоу во Охрид

Хрватската поп-ѕвезда Северина спектакуларно шоу тоа го докажа уште еднаш, вчера на концертот во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“.

Северина е шоу самата по себе. Секоја можна песна и е хит, публиката и ги знае сите наизуст, без оглед дали е новата „Туторијал“, „Тридесете“ или некоја од постарите, како „Пријатељице“ или „Девојка са села“. Меѓу своите хитови низ кои протнува духовити коментари и кокетно врти со колковите, Севе во својот репертоар вметна и македонски народни песни. Свирејќи ги „Македонско девојче“, „Битола мој роден крај“ и „Јовано Јованке“ беше начин да се претстави нејзиниот бенд.

Сосема  неочекувано, таа ја најави „Игри без граници“ и му ја посвети на Тоше Проески. „Се познававме, но не бевме толку добри пријатели“, беше искрена Северина.

Треба да знаете
Последни објави