Search

(Видео) САД ѝ понудија на Индија нов борбен авион Ф-21

Американската компанија „Локхид Мартин“ ѝ понуди на индиската Влада свој нов борбен авион Ф-21, кој би требало да се произведува во Индија, во обид да освои голема воена испорака од повеќе од 15 милијарди долари.

Американската одбранбена компанија претходно ги понудила своите ловци Ф-16, кои се користат во делови од светот, за индиско воздухопловство кое планира да набави 114 нови авиони кои би се произведувале во Индија.

Но, „Локхид Мартина“ на откривањето на новиот авион во јужниот град Бангалор рекол дека Индија нуди авион развиен посебно за нејзини потреби.

„Ф-21 е поинаков, однадвор и одвнатре“ рекол потпретседателот на стратешкиот и деловниот развој на компанијата, Вивек Лал.

Американската компанија ќе произведува во соработка со индиската компанија „Тата Адванс Системс“.

Треба да знаете
Последни објави