Search

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите за итна помош на неговите морнари, заразени со коронавирусот.

Брет Крозер претходно неделава ја замоли морнарицата да им овозможи на заразените морнари да слезат во карантин на островот Гуам, лициран во Пацификот, каде носачот на авиони беше на мисија. За само неколку дена, бројот на заразени лица во бродот скокна од три на 140, па Крозер се обрати за помош до неговите претпоставени.

Морнарицата му дозволила на Крозер да се закотви во Гуам (територија на САД) и од бродот да ги евакуира заразените и уште 3.000 морнари, дел од екипажот. На носачот останале минимум луѓе, неопходни за функционирање на сите системи. Но, писмото на Крозер се појави во медиумите пред морнарицата да одговори, па американската војска реши да го смени капетанот, кој додека слегуваше од бродот морнарите го поздравија со скандирање и овации.

https://twitter.com/AmberSmithUSA/status/1246052144115077120

„Капетанот Крозер не беше разрешен поради испраќање писмо до Генералштабот, туку зошто тоа се појави во јавноста. Тој го споделил со 20 луѓе. Ние не тврдиме дека тој го доставил до медиумите, но направил огромна грешка со тоа што споделил доверливи информации со трети лица. Со своето дело, тој создаде паника и ја наруши безбедноста на бродот за кој беше задолжен, исложувајќи ги на ризик американските интереси во оваа стратешки важна област“, рече генералниот секретар на американската воена морнарица, Томас Модли.

Треба да знаете
Последни објави