Search

(Видео) Рускоска: Јовески ќе одлучи дали треба да го водам „Меѓународен сојуз“

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава за медиумите на почетокот на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз”, рече дека денес кога влегла во судница разбрала дека е побарано нејзино изземање од предметот и дека го добила барањето поднесено до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Русковска нагласи дека секогаш работела согласно законот и никогаш ниту си дозволила, ниту ќе дозволи да работи под емоции, а одлуката за тоа дали таа треба да постапува во предметот или не, рече ќе ја остави на државниот јавен обвинител.

„На кратко го видов барањето за мое изземање и од она што успеав да го прочитам можам да кажам дека апсолутно не држи барањето, но нека одлучи јавниот обвинител на Република Македонија. За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесува кон ниту еден предмет, а сум сработила повеќе од 1.000 предмети. Од 90 година како стручен соработник и нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет. Единствена работа што ми е важна е само дали е сторено кривични дело и дали има докази. До сега работев така, а така и ќе биде до крајот на мојата кариера.
За случајот „Меѓународен сојуз”, Русковска нагласи дека очекува да докаже дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои ги гони.

Треба да знаете
Последни објави