Search

(Видео) Русија во океаните испрати нови нуклеарни подморници

Русија планира во својата флота за 2019 година да вклучи две нуклеарни подморници, потврди министерот за одбрана, Сергеј Шојгу. Како што е наведено, двете подморници се унапредена верзија на оригиналниот модел, а освен тие две, се очекува да се вклучат уште неколку такви нуклеарни подморници до 2021 година.

Се работи за подморници опремени со нуклеарен арсенал под називот „Казан“ и „Принц Владимир“ и тие ќе бидат вклучени во руската морнарска флота пред крајот на 2019 година“, изјави Шојгу, а руската амбасада во САД објави и видео од тие подморници на својот официјален Твитер профил.

 

Зборувајќи на состанокот одржан во Северодвинск, Шојгу рекол дека новите подморници ќе ја дефинираат идната слика за руските подморници, како и дека ќе овозможат зголемување на рускиот одбранбен систем и ќе ја зајакне позицијата на Русија во океаните.

Руските медиуми пренесуваат, дека изработката на „Казан“ почнала пред 10 години, а на „Принц Владимир“ во 2012 година, а завршена била во 2017 година, кога и двете биле „лансирани“ во вода.

Двете подморници се модернизирана верзија на претходните модели, 885 и 955. „Казан“ носи крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“, а „Принц Владимир“ нуклеарни ракети РСМ-56 „Булава“, познати и како „СС-НХ-30“.

Треба да знаете
Последни објави