Search

(Видео) Ромео, најосамената жаба во светот, конечно ја пронајде својата Јулија

Сeчуанската водна жаба е ендемичен вид и е на работ на изумирање. Како што известува Си-ен-ен, Ромео живее во музеј во Боливија и се претпоставува дека е последниот примерок од тој вид жаба.

Тој помина сам цели 10 години, но сега научниците му најдоа партнерка, која ја нарекоа Јулија, преку сервисот за запознавање Match.co, каде што Ромео има свој профил кој го освои интернет.

Нивниот прв состанок беше договорен на Денот на вљубените, бидејќи се работи за зачувување на видот и сè мора да биде совршено.

Сè започна кога Музејот на природна историја на Боливија „Alcide d’Orbigny” и Конзерваториумот Global Wildlife ги здружија силите и тргнаа во потрага по партнерка на Ромео.

Тие отпатуваа на експедиција во Боливија за да ја најдат Јулија, и сето тоа траеше долго и сите беа исцрпени и уморни. Овие жаби живеат под вода и морале да го испитаат секој поток и вир.

Кога конечно наидоа на слична жаба, сфатија дека е машка и одлучиле да продолжат да бараат уште еден ден. Тие најдоа две машки и две женски жаби, и веднаш на едната и дадоа име Јулија бидејќи е во години за репродукција, додека другите женки биле помлади и сè уште не се подготвени.

Научниците се надеваат дека Ромео и Јулија ќе се заљубат на прв поглед. Ромео е срамежлив и мирен, додека Јулија е енергична и разиграна. Можеби овојпат таа се спротивставува на спротивностите.

Ако Ромео и Јулија не успеат, научниците ќе сторат сé за да не изумре овој вид жаба.

Треба да знаете
Последни објави