Search

(Видео) Роботот на „тојота“ шутира тројки како Стеф Кари

Роботот на компанијата „Тојота“ е кошаркар по име Кју, а истиот беше презентиран пред неколку дена во рамки на натпревар од јапонската кошаркарска лига.

Во таа прилика, неговата задача беше да шутира од линијата за три поени. Во овој сегмент од кошаркарската игра роботот се покажа прилично добро, бидејќи, без никакви проблеми, тој силно шутираше и од половината на теренот.

За да реализира така тежок шут Кју изработува тридимензионална слика од позицијата на која се наоѓа кошот, со употреба на сензори распоредени во горниот дел, а потоа врз основа на обработените податоци ги нагодува моторите во рацете и колената, со цел да ја адаптира силата и да постигне погодок под соодветен агол, пренесе агенцијата АП.

И додека Кју е презентиран како непогрешлив од линијата за слободни фрлања, поголемите растојанија сепак може да му направат проблем, па во такви ситуации неретко се случува и да промаши.

Така, Кју од два обида даде една тројка, но потоа погоди кош од половина терен, пренесува „Мешбл“.

https://youtu.be/QZZ_1Fk9jDw

Треба да знаете
Последни објави