Search

(Видео) Роби Вилијамс повторно ѝ понуди брак на сопругата Ајда

Британскиот пејач Роби Вилијамс (45), по втор пат ѝ понуди брак на својата сопруга, актерката Ајда Филд (40). На прославата на нејзиниот 40-ти роденден, Роби ја изненади со песната „Angels“, прашувајќи ја дали повторно ќе се омажи за него. Двојката се запозна во јули 2006 година, а пејачот тогаш рече дека мислел дека никогаш нема да се ожени сè додека не ја запознал својата сопруга.

„Таа е прекрасна личност и јас сум заљубен”, рече Вилијамс.

https://www.instagram.com/p/BxndiFOHP7w/

Роби првпат ѝ понуди брак на Ајда во 2009 година за време на радиоинтервју. Тој подоцна тврдеше дека се шегувал дека не биле свршени. Во истата година, тие сепак се свршија на Божиќ, а по осум месеци и се венчаа во Беверли Хилс, според „Метро“. Тие имаат три деца, синот Чарли (4), ќерката Теодора (6) и осуммесечната Коко, која минатата година беше родена од сурогат мајка.

https://www.instagram.com/p/BxVrHi2nga_/

Вилијамс често вели дека сопругата му го спасила животот. Како што вели, таа е неговата сродна душа што му помогнала да се излекува од зависноста од алкохол и дрога.

Пред да се венчаат во 2010 година, тие беа четири години во врска со прекини. По последната пауза, Фил раскажа дека се смириле со помош на актерката Камерон Диас (46).

Треба да знаете
Последни објави