Search

(Видео) Риболовци тврдат дека го снимиле 18-метарското езерско чудовиште Огопого во Канада

Татко и син кои биле на риболов веруваат дека го снимиле митското езерско чудовиште наречено Огопого, кое, според легендата, живее во мрачните длабочини на прекрасното езеро Оканаган во Канада, пренесува РТ.

Приказните за необичното суштество во езерото во Британска Колумбија датираат уште од 19 век, но досега не се откриени никакви конкретни докази.

Блејк Недорф верува дека тој и неговиот татко конечно пронашле таков доказ додека ловеле риба од пристаништето во градот Келоуна. Недорф снимил видео на кое се појавува многу долга змија, која плива низ сините води на езерото.

На видеото може да се слушне како таткото и синот реагираат додека ја гледаат сцената пред своите очи. Тинејџерот вели дека суштеството што го видел било долго најмалку 18 метри и може да се види како се лизга низ водата. Тој ги поставил снимките на „Јутјуб“ на почетокот од месецов иако ги снимил на 10 јули 2018 година.

Интересно е што уште неколкумина пријавиле дека го виделе чудовиштето во месеците по снимањето на видеото. Во септември, жителот на Келоуна, Дејвид Халбауер, верува дека го снимил легендарното животно додека уживал покрај езерото со семејството.

Треба да знаете
Последни објави