Search

(ВИДЕО) Реконструкција за убиството на Саздовски

За судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски денеска се врши реконструкција на настанот, на самото место на трагичниот настан, кај автобуската постројка во Автокоманда. Рeкострукцијата се прави во присуство на сведоците и вештите лица.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска и се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште исказ даваа обвинетите Бесим Бења и Скендер Демири.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Треба да знаете
Последни објави