Search

(Видео) Расте бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут

Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан изјави во вторникот вечерта дека најмалку 60 луѓе загинале а околу 2.700 се ранери во експлозијата на пристаништетот во главниот град Бејрут, за која премиерот Хасан Дијаб рече дека е катастрофа за која одговорните ќе мора „да ја платат сметката“.

Министерот за здравство Хамад Хасан новите бројки ги објави во обраќање преку телевизијата, а претходно предупреди дека болниците во Бејрут се претрупани со повредени.

„Она што денеска се случи нема да мине а да не се положат сметките. Одговорните за оваа катастрофа мора да ја платат цената“, изјави во телевизиското обраќање премиерот Диаб.

Ги повика „пријателските земји“ да му помогнат на Либаб.

„Упатувам итен повик до сите пријателски и братски земји кои го сакаат Либан да бидат крај него и да ни помогнат да ги залечиме нашите длабоки рани“, папелираше премиерот Дуиб откако претходно средата ја прогласи за ден на жалоста.

Диаб вети дека наскоро ќе соопшто некои информации со „ова опасно складиште коешто постои веќе шест години, од 2014 година“.

Најсилната експлозија којашто го погоди Бејрут ја потресе либанската престолнина толку силно што населението мислело дека се случил земјотрес. Ескплозијата создадала ударен бран кој го погодил поголемиот дел од градот, искршил голем број прозорци на околните објекти и инфаструктура, како и балкони од станови.

Жителите на Бејрут за локалните медиуми изјавуваат дека прозорските стакла се скршени на куќите од Рауша на западот од градот, до 10 километри оддалечениот Рабија. Долго по експлозиајта се слушале сирените на амбулантните возила, а областа ја надлетувале хеликоптери.

На Кипар, островската медитеранска земја 180 километри северозападно од Бејрут, жителите изјавиле дека слушнале два моќни удара.

Според снимките на социјалните мрежи, прво во пристанишетот се гледа светол чад, а потоа градот го затресува извонредно силна експлозија. Оние кои снимале биле отфрлени наназад од големата сила на ударниот бран.

Висок функционер на градските власти на Бејрут изјавил за Sky News дека екипа од десетина пожарникари кои биле во пристаништето исчезнала по експлозијата.

„Видов огнена топка и чад над Бејрут. Луѓето врескаа и трчаа, крвавеа. Балконите се однесени од зградата. Прозорските стакла на високите згради испукаа и паѓаа на улиците“, изјавил очевидец.

Експлозијата се случи во пристанишниот дел од градот. Либанскиот министер за внатрешни работи изјави дека привичните информации говорат дека експлодирале материјали кои биле запленети пред повеќе години и биле складирани во пристаништетот. Според некои медиуми, станува збор за пиротехнички средства, а некои дека станува збор за хемикалии.

Израел негира поврзаност

Либанскиот претседател Мишел Аун свика итен состанок на Врховниот совет за одбрана на Либан. Премиерот Хасан Диаб истовремено објави дека во среда ќе биде ден на жалост во земјата.

Експлозијата се случи три дена пред во судот на ОН да биде изречена пресуда во судењето на четворица осомничани пропадници на либанското шиитско движење Хезболах од 2005 година во кој загина тогашниот премиер Рафик ал-Харири и уште 21 лице.

Командантот на силите за националната безбедност Абас Ибрахим, кој го обиколи подрачјето на пристаништето, рече дена засега не би изнесувал заклучоци за причините за експлозијата. Имено, според некои информации експлозијата се случила наводно во складишта на Хезболах, смртниот непријател на Израел, а се доведува во поврзаност со неодамнешните воздушни напади на израелските воздухопловни сили во Либан и соседна Сирија врз позиции на шиитското движење.

Меѓутоа, финкционери од Израел, земја којашто во минатото водеше повеќе војни со Либан, изјавија дека изралските сили немаат никаква поврзаност со експлозијата во Бејрут, а Израел набрзо потоа понуди и хуманитарна и медицинска помош.

Помош во која и да е форма понуди и Иран, сојузникот на Хебзолах, соопшти на својот акаунт на Twitter министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Американскиот Стејт департмент објави дека ја следи ситуацијата и дека е подготвен да понуди „секаква можна помош“.

https://twitter.com/i/status/1290746540282318854

Треба да знаете
Последни објави