Search

(Видео) Неофицијално пуштен во сообраќај северниот булевар Христијан Тодоровски Карпош

Дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел денеска е пуштен во сообраќај, а екипа на 24 Инфо се возеше по него. По булеварот се вози, иако не е официјално пуштен во употреба. Свечено отворање на булеварот е предвидено за следната недела, кога треба да бидт завршени работите со осветлувањето, како и сообраќајната сигнализација.

Новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош е првиот скопски булевар што излегува на обиколница. Новиот дел од булеварот се гради на потегот од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки во должина од 1.000 метри. Продолжувањето на оваа сообраќајница ќе им овозможи на граѓаните од населбите Радишани и Бутел уште една сообраќајна врска со центарот на градот.

Треба да знаете
Последни објави