Search

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време на југоисточната страна на Фресно.

Непознати сторители влегле во дворот на куќата каде луѓето се собрале да гледаат фудбалски натпревар и почнале да пукаат, изјави полицискиот службеник Бил Доли, пренесува АП.

Заменик началникот на полицијата во Фресно, Мајкл Рид, изјави за медиумите дека се застрелани вкупно 10 лица.Три лица биле пронајдени мртви во дворот, додека четврта жртва починала во болница.

Другите шестмина повредени се во болница и лекарите се борат за нивните животи.

Треба да знаете
Последни објави