Search

(Видео) Противниците на Лукашенко гневни: Објавена снимка од неверојатна изборна измама во Белорусија

Откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, освои убедливо мнозинство од 80,23 проценти од гласовите, наспроти популарната опонентка Светлана Тихановскаја, која освои 9,9 проценти, во земјата започнаа немири, со обвинувања за наместено гласање.

Постојат неколку наводи за тоа, како на пример дека избирачки места биле затворани пред гласачите да пристигнат да гласаат, дека некои избирачи гласале пред официјалното отворање или дека немало гласачки ливчиња затоа што на одредени места веќе гласале сите регистрирани избирачи.

Во контекст на ваквите обвинувања, се појави видео од избирачко место на кое се гледа член на изборниот штаб кој се спушта по скала од прозорец на вториот кат со торба за која се верува дека содржи гласачки ливчиња.

Во описот на видеото се вели: „Гласачко место 17 од округот Минск. Поради некоја причина, членовите на комисијата слегуваат по скала од прозорецот од вториот кат со пакети кои содржат нешто налик на кутии. Или документи. И сето тоа се следи под будното око на полицијата“.

Полициски сили, а понекогаш и полициски комбиња, контролираа бројни избирачки места во земјата.

Независните анкети покажуваат дека Тихановскаја добила 71 процент од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 проценти. Во овој момент, ниту еден од податоците на опонентите не може да биде потврден од релевантна независна страна.

Треба да знаете
Последни објави