Search

(Видео) Протест пред Собранието на „Бојкотирам за уставни измени”

Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест, во организација на движењето „#Бојкотирам уставни промени”. Барањата на движењето  „#Бојкотирам” се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени,  почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и еднострано правно поништување на Преспански договор. 

Движење „#Бојкотирам” го најави потестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. Ги повикаа сите учесници да се воздржат од провокации, навреди, вандализам… За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата..

 

Организаторите претходно демантираа дека Јанко Бачев, Филип Петровски и други ним блиски организации, туку Семакедонскиот општонароден протест пред Собранието на Македонија се движењето #БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ и потписниците на прогласот против уставни промени издаден од ова Движење.

Треба да знаете
Последни објави