Search

(Видео) Протести во Рим поради рестриктивните мерки

Стотици луѓе се собраа денес во Рим на ненајавен протест против рестриктивните мерки во Италија, најдолги во Европа, за да ги посочат маките на луѓето кои се соочуваат со економските последици од блокадата.

Демонстрантите кои се собраа во италијанската престолнина, по договорот на социјалните мрежи, извикуваа дека „Ковид-19 е измама дизајнирана да предизвика криза“, дека „има луѓе кои веќе четири месеци не добиле плата“ и дека се гладни.

– Тука има луѓе кои немаат што да јадат. Не оставија да умреме, рече жена од Бергамо.

Полициските службеници интервенирале со цел да го спречат нивното понатамошно движење низ улиците, јавуваат италијанските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави