Search

(Видео) Пронајдена снимка од 1987 година во која Фреди Меркјури пее во придружба на пијано

Уште една верзија на песната „Time“ што ја пее Фреди Меркјури, беше објавена во четвртокот по долго трагање по снимката направена во лондонското студио Abbey Road во 1986.

Само во придружба на пијано, починатиот фронтмен на „Квин“ ја пее поедноставната верзија на „Time“, која ја сними како соло уметник со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.

Новата верзија беше објавеена под нејзиното целосно име „Time Waits For No One”.

Меркјури почина од пневмонија поврзана со сида во 1991 година.

„Тоа е само Фреди со пијано, и навистина покажува колку добар изведувач бил, имаше неверојатен опсег на глас“, рече Кларк, кој ја најде снимката по неколкугодишно барање, во изјавата за Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави