Search

(Видео) Проколнат датум, на 15 април се случија голем број несреќи

Пожарот кој во понеделникот на 15 април ја проголта катедралата во Париз, Нотр Дам, го потресе целиот свет. На улиците на Париз излегоа илјадници луѓе и со солзи во очите гледаа како исчезнува важен дел од нивната историја и еден од симболите на градот, а емоционални реакции и изрази на жалење пристигнуваа од сите страни на светот.

Познатата катедрала е длабоко вкоренета во историјата на Париз откако во 1163 година почна нејзината изградба и траеше речиси два века. Пожарникарите успеаја да го спречат уривањето на главната камбанарија и се обидоа да ги спасат религиозните реликвии и бесценетите уметнички дела. „Ние ќе ја обновиме Нотр-Дам заедно”, вети францускиот претседател Емануел Макрон.

По првичниот шок што ја предизвика оваа вест, интернет-корисниците наскоро забележаа необично совпаѓање.

На истиот датум во 2013 година се случи бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. Две бомби експлодираа кога првиот од 27.000 учесници стигна на целта.

Во ужасната експлозија загинаа три лица, од кои едно е осумгодишно момче, а беа повредени 264 лица, од кои некои останаа без раце и нозе.

Но нападот во Бостонскиот маратон не е единствениот катастрофален настан што се случи на 15 април.

Многумина се сеќаваат во 1989 година и катастрофата на Хилсборо, една од најголемите спортски трагедии во историјата. На преполниот стадион Хилсборо во Велика Британија се играше натпреварот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест.

https://youtu.be/Am6vmX9SuOY

Поради организаторска грешка, на стадионот кој може да прими 39.000 гледачи беа пуштени повеќе од 54.000 обожаватели. Откако некој ја отвори безбедносната ограда се создаде стампедо, каде што 96 фанови на Ливерпул загинаа, а повеќе од 700 луѓе беа повредени.

https://youtu.be/SVLt9UfO3Q0

Датумот 15 април е уште позлокобен ако се потсетиме на уште една трагедија што се случи на тој датум во 1912 година. Во раните утрински часови во Северниот Атлантскиот Океан, по ударот во глечерот, потона британскиот брод Титаник. Во катастрофалната хаварија животот го загубија 1.517 луѓе.

 

Треба да знаете
Последни објави