Search

(Видео) Принцезата Ана не се ракуваше со Трамп, а ја игнорираше и опомената од кралицата

Принцезата Ана и кралицата кралицата Елизабета Втора се снимени во ситуација на тивко несогласување како мајка и ќерка пред американскиот претседател  Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.

На видеото се гледа како Нејзиното височество ги поздравува Доналд Трамп и Меланија за време на приемот во Бакингамската палата, додека кралската принцеза стои сама на страна.
Но се чини дека кралицата не е одушевена што нејзината ќерка не стои со другите членови на кралското семејство да ги пречека американскиот претседател и првата дама.


93-годишната монархиња се гледа како се врти кон ќерка си и со рака ѝ гестикулира да им се придружи.Принцезата на тоа само крева раменици и шири раце, комплетно игнорирајќи ги опомените од мајка си.
Видеото молскавично се рашири на интернет, а многумина на социјалните мрежи ја фалат британската принцеза што одбила да комуницира со Трамп.
Светските лидери вчера беа примени во палатата за одбележување 70 години соработка и колективен дух на НАТО, а американскиот претседател и неговата сопруга 40 минути доцнеа на настанот.

Треба да знаете
Последни објави