Search

(Видео) Приказна за „најосамениот човек во светот”

Снимката, која одвај е подолга од една минута, е редок доказ за постоењето на овој човек.

Се појави исклучително ретка видеоснимка на припадникот на едно племе наречен „најосамениот човек во светот”.

Станува збор за човек во педесеттите години, кој живее сам во бразилскиот дел од Амазон веќе 22 години, откако последните членови на племето беа убиени.

Снимката е направена од далечина и беше објавена од Агенцијата за домородните народи на бразилската влада, „Фунаи“. На матната снимка се гледа мускулест човек кој сече дрво со секира.

Од 1996 година „Фунаи“ го надгледува овој човек од далечина, и неопходно е да се докаже дека тој е сѐ уште жив, со цел да се продолжи важењето на наредбата со која се забранува влез на земјиштето во кое се движи, во северозападната федерална држава Рондонија.

Треба да знаете
Последни објави