Search

(Видео) Приведени тепачите од пред Градска болница

Полицијата приведе неколку лица вечерва по тепачката меѓу две семејства пред болницата за хируршки болести  Св.Наум Охридски во центарот на Скопје

Од МВР информираат дека била повикана полиција поради инцидент во кој учествувале членови на семејства и роднини, предизвикале сообраќајна несреќа во која било повредено дете.

Неофицијално, таткото на детето физички го нападнал човекот кој го возел автомобилот кој удрил во неговото дете. Потоа возачот повикал неколку лица кои го нападнале таткото на детето.

Тогаш настанала масовна тепачка, а било фрлано со предмети и кон полицајците кои дошле да интервенираат.

Детето е во болница, а неговиот татко и други лица се приведени.

Состојбата на детето, како што неофицијално дознаваме не е животозагрозувачка.

https://www.facebook.com/sitelvesti/videos/699612187562445/?t=0

Треба да знаете
Последни објави