Search

(Видео) Претседателот на парламентот се прогласи за преоден претседател на Венецуела

Претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата, Хуан Гуаидо вечерва се прогласи за преоден претседател на државата, пред десетици илјади приврзаници во Каракас.

„Официјално се колнам дека ќе ги преземем овластувањата од извршната власт како претседател на Венецуела со цел да добиеме преодна влада и слободни избори“, рече Гуаидо на собирот.

Меѓу првите регираше претседателот на САД, Доналд Трамп, кој изрази поддршка за Гуаидо.

„Денес официјално го признавам претседателот на парламентот на Венецуела, Хуанг Гуаидо, за преоден претседател на Венецуела“, стои во соопштението на Трамп. По САД, новиот претседател на Венецуела го признаа и Канада, Бразил и Парагвај.

Гуаидо (35) неодамна повика на протести, со образложение дека во земјата треба да се формира преодна влада.

Embedded video

89 people are talking about this

Николас Мадуро беше реизбран за претседател на 20 мај 2018 година по неговиот прв шестгодишен мандат. Поголем дел од опозицијата ги бојкотираше изборите и не ги призна резултатите.

Венецуела ја тресат длабока политичка и економска криза, дополнително продлабочени од санкциите воведени од страна на САД кои се противат на владеењето на Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави