Search

(Видео) Пресврт на изборите во Франција, премиерот го победи Макрон

Францускиот премиер Едуард Филип прогласи победа на локалните избори на кои се кандидираше за градоначалник на Авр. Филип на изборите за градоначалник добил 58,8 отсто од гласовите, јави телевизијата ТФ1.

„Среќни сме во Авр. Ќе ја прославиме победата”, изјави Филип.

Медиумите јавуваат дека партијата на францускиот претседател Емануел Макрон претрпела пораз во неделниот втор круг на локалните избори, додека Зелената партија славеше победа во неколку поголеми градови.

Макрон се надеваше дека неговата партија ќе добие поддршка во градовите низ Франција, а пред претседателските избори во 2022 година, пренесува Ројтерс. Сепак, Партијата на зелените, која ги здружи силите со левичарските партии во некои градови, победи, што може да го принуди Макрон да изврши реконструкција на владата.

Во Франција вчера гласаа за 35.000 градоначалници, кои во текот на кампањата ветија дека ќе се справат со проблемите од образованието до заштитата на животната средина. Одѕивот на изборите во вториот круг на изборите беше на рекордно ниско ниво – само 40,5 проценти.

Треба да знаете
Последни објави