Search

(Видео) Предупредување од ОН: Индија и Пакистан да се подготват за наезда од скакулци

Џиновскиот рој на скакулци може да се спушти од двете страни на границата меѓу Индија и Пакистан во периодот на пролетта и летото годинава, соопшти мониторот на скакулци на ОН, среде невидена наезда што веќе го зафаќа црниот континент, пренесува РТ.

Огромните роеви пустински скакулци ги преплашија жителите на Јемен и Саудиска Арабија и полагаат отпад во земјите на Рогот на Африка. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја нарече појавата најлош случај во последните 25 години за Источна Африка, и особено за Кенија, во последните 70 години.

Откако ќе се размножат на Рогот на Африка, скакулците можат да мигрираат во Хиндустан, каде може да изведат двоен напад заедно со новоизведените скакулци од јужниот дел на Иран, изјави високиот службеник за предвидување наезди од скакулци на ФАО, Кит Кресман.

„Постои потенцијален ризик роевите да се придвижат од Рогот на Африка, почнувајќи од средината на мај до некој период во јули за да ги пречекаат монсунските дождови кои паѓаат во Раџастан во Индија и Холистан-Тарпаркар во Пакистан“, рече тој.

Условите на Рогот од Африка во моментов се поволни за брзо размножување на штетниците. Ако условите останат добри за инсектите, годинава е можна нивна миграција во Индија и во Пакистан, што не се случило подолго време. Тоа се должи на големата концентрација на скакулци моментално во Кенија, Сомалија и Етиопија и можноста тие да се зголемат уште повеќе во наредните шест месеци.

Иранските скакулци ги погодија Пакистан и Индија претходната година. Кресман рече дека се надева оти двата народа се подобро подготвени од земјите како Сомалија или Етиопија да се справат со роевите. Африканските нации немаат безбедност и финансирање за да ја контролираат и задржат напаста што може наскоро сериозно да влијае на Јужен Судан, Уганда и Танзанија. Регионот веќе страда од недостиг од храна, па кризата може да доведе до сериозно гладување.

Пустинскиот скакулец е меѓу најопасните штетници. Инсект од 2 грама е способен изеде храна двојно потешка од него за еден ден додека ројот обично се состои од неколку десетици милиони скакулци. Тие исто така можат да прелетаат дури 150 км на ден по храна во одредена област.

Треба да знаете
Последни објави