Search

(Видео) По Сара Мејс уште една позната Македонка се проба како актерка во „Преспав“ 

Неодамна во петтата сезона на македонскиот ситком „Преспав“ имавме можност во улога на актерка да ја видиме пејачката Сара Мејс која ја глумеше Глорија, сестрата на поранешната газдарица Преслава од Бугарија.

Деновиве со прикажувањето на последната 20-та епизода заврши и петтата сезона која се прикажуваше на првиот канал на Македонската телевизија од 18 декември минатата 2020 година.

Последната епизода насловена „5 Г“ беше исто така уребесна како и притхоидните, а во истата покрај стандардната актерска постава, како репортерка се појави нашата позната макекенка Катарина Ивановска.

Коста секако не пропушти да ја измерка од глава до петици, а Катарина одлично се снајде во улогата.

По крајот и на оваа сезона логично се редат прашањата од обожавателите дали ќе се снима нова шеста сезона од „Преспав“.

За потсетување, преспавци на крајот од последната 20-та епизода имаа незгода, односно пансионот се запали.

Дали ќе успеат да го спасат или не изградат нов, оставуваат прашалници за следната сезона која пак исто така е непознато дали ќе ја има или не.

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави