Search

ВИДЕО: Поранешен полицаец разнесен со бомба во автомобил во Нови Сад

Поранешниот полицаец  Далибор Богдановиќ (42) е тешко ранет во синоќешна експлозија на џип во Нови Сад. Тој бил ранет и пред пет години во центарот на Нови Сад кога бил работник во полицијата и комесар за безбедност во ФК Војводина. Поради проблематичниот карактер и контакт со разни сомнителни лица, последните години е распореден на административни работи во полициската станица во Нови Сад.

Под џипот била подметната бомба со разорна моќ. Пожарникарите го извлекле телото на Далибор кој во тешка состојба бил префрлен во Ургентниот центар.

Портпаролот на Итната помош Сања Ненадиќ Покрајац рекла дека нивната екипа го превезла во болница лицето, каде му била ампутирана потколеница.

Инаку, Богдановиќ се суди и за обид за киднапирање.

Поради силната детонација испукале и стаклата во околните објекти и згради.

Треба да знаете
Последни објави