Search

(Видео) Помпео: Северна Македонија треба да ја водат умовите на граѓаните, а не руски ботови

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео во изјавата за медиумите нагласи дека растот на тимот во американската амбасада го симболизира и растот на односите меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат 25 години. Република Северна Македонија е сојузник на американските војници во мисиите во Ирак и Авганистан и тоа е сериозен придонес за светскиот мир, порача Помпео.

„Ги поздравувам договорите за пријателство и соработка на вашата земја со соседите Грција и Бугарија со кои стана реалност членството во НАТО и ЕУ. САД, како водечка демократија во светот, ги почитува и поддржува сите земји кои ги унапредуваат демократските процеси, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Северна Македонија, како независна и слободна земја ги почитува различностите и САД ќе продолжат да ве поддржуваат за доброто на вашите граѓани, за регионот и за светот“, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

„Државата треба напред да ја водат срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија, а не руските ботови на социјалните мрежи. Ве предупредувам и од ризиците од кинеските инвестиции во чувствителни технологии и нејзината стратегија за подмитување при обезбедување зделки“,нагласи Помпео.

Треба да знаете
Последни објави