Search

(Видео) Полицијата со гумени куршуми го спречи упадот во грузискиот парламент

Толпа народ испровоцирана од руски пратеник ноќеска се судри со полицијата, во обид да упадне во парламентот на Грузија во Тбилиси, пренесуваат светските медиуми. Демонстрантите бараат оставки од високи функионери и фрлаа шишиња и други предмети кон полицијата, која одговори со солзавец и гумени куршуми.

Ситуацијата ексалира по говорот на рускиот пратеник, Сергеј Гаврилов, кој се обрати од говорницата во парламентот, пренесе Ројтерс. Опозицијата најави дека луѓето ќе останат на улиците се додека претседателот на собранието, Ираки Кобакидзе и неколку високи функционери не си поднесат оставки. Според опозицијата, тие се виновни за моменталната ситуација во земјата, зошто дозволиле рускиот пратеник да се обрати на говорницата.

Двајца демонстранти изјавиле дека се повредени од гумени куршуми. Руското влијание во Грузија останува политички чувствително прашање во оваа земја, која е сојузник на САД.

Русија и Грузија од 2008 година, кога имаа краткотрајна војна, немаат диплоамтакси односи, а Москва ја призна независноста на двата отцепени региони Осетија и Абхазија, каде сега се стационирани руски трупи.

Треба да знаете
Последни објави