Search

(Видео) Полицијата во Минск спушти штитови во знак на солидарност со демонстрантите

Припадници на полициските интервентни единици во центарот на Минск ги спуштија штитовите во знак на солидарност со демонстрантите за време на протестот.

Неколку илјади демонстранти се собраа на плоштадот Независност во Минск, барајќи оставка на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, јави ТАСС.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а сегашниот претседател Александар Лукашенко обезбеди нов мандат со 80,08 проценти од гласовите, додека неговиот главен ривал, Светлана Тихановска, доби 10,09 проценти поддршка на гласачите.

По објавувањето на резултатите од изборите, за кои демонстрантите веруваат дека се украдени, во многу градови низ целата земја избувнаа масовни протести, во некои случаи ескалираа во судири со полицијата. Протестите се одржуваат од неделата.

Треба да знаете
Последни објави