Search

(Видео) Полицајци со истрели во воздух прекинаа тепачка меѓу фудбалери за време на натпревар во Португалија

Натпреварот  во Португалија меѓу вторите тимови на Виторија Сетубал и Олимпик Монти кој се играше во предградието на Лисабон беше прекинат поради хаосот што настана  на теренот. На клупата за резервни играчи имаше масовна тепачка меѓу спротивставените страни, во која учествуваа речиси сите играчи и членови на стручните штабови на двата тима. Некои извори тврдат дека некои навивачи исто така се вклучиле во толпата.

Од видео-записите се гледа дека полицијата за да ја смири ситуацијата била принудена да пука во воздух. Испукани се десетина предупредувачки куршуми од пиштол во воздух.

Треба да знаете
Последни објави