Search

(Видео) Пожар во зградата на мисијата на Србија при ОН во Њујорк

Министерството за надворешни работи на Србија утринава објави дека во зградата на Постојаната мисија на Србија при Обединетите нации во Њујорк избувнал пожар.

Пожарот избувна околу 20 часот по локално време, а две канцеларии биле целосно изгорени, соопшти шефот на Мисијата на Србија, Милан Милановиќ.

Според него, пожарот бил случајно забележан од еден од вработените во зградата, како и од случајни минувачи, по што веднаш била повикана противпожарната служба.

Пожарникарите пистигнале брзо по повикот и успеале да стават крај на огнената стихија

Од против пожарната служба соопштија дека откриле дека пожарот бил предизивкан од неправилна инсталација.

За среќа, имаме осигурување. Во моментов се чисти, бидејќи прозорците се скршени, а водата тече надолу по скалите. Во овој момент немаме ниту пристап до интернет. Во канцелариите што изгореа во пожарот имаше само мебел. Едната канцеларија не се користи, а во другата седеше еден колега, кој ќе се премести во друга канцеларија. Среќа е што пожарот беше забележан рано и бргу пристигнаа пожарникарите “, рече Миловановиќ.

Америкнаскиот портал „Њујорк Дејли Њуз“ објави дека тројца цивили и еден пожарникар биле повредени во пожар кој избувнал. Поради пожарот што избувна во зградата, Петтата авенија беше затворена.

Треба да знаете
Последни објави