Search

(Видео) Под ледниците на Антарктикот пронајдени големи езера

Австралиските истражувачи открија големи езера под најголемиот глечер во источниот дел на Антарктикот. Езерата се откриени така што научниците поставувале мали количества експлозив на два метри под површината на глечерот Тотен и го слушале рефлектирањето на звукот.

Д-р Бен Галтон-Фензи, глациолог на „Австралијан антарктик дивижн“, рече дека истражувањето е од клучно значење во научните предвидувања како топењето на глечерите на Антарктикот влијае на светските океани, според „Гардијан“.

https://www.facebook.com/AusAntarctic/videos/269326040642895/?t=0

Глечерот Тотенхем е 30 километри широк и околу два километри дебел и има потенцијал да го подигне нивото на морето за седум метри.

Галтон-Фензи кажа дека следниот чекор на истражувачите е да избушат дупка и да земат примерок од езерото, но изрази жалење што финансирањето на идните истражувања не е сигурно.

 

Треба да знаете
Последни објави